Пред полните трибини во салата „Младост“ во Гостивар, нашата најдобра селекција, која се подготвува за настап во Венецуела, одигра пријателски меч со комбинираниот кошаркарски тим од градот домаќин на спектаклот.
Мечот се одигра во чест на кошаркарот Игор Билески од Гостивар кој трагично го загуби својот живот во сообраќајна незреќа. По евоцирањето спомени како од гледачите исто така и од кошаркарите беше интонирана химната на Република Македонија.
– Нашата желба да се потсетиме на него и на ваков начин да му одадеме почит беше посилна од се и сме дел од овој мемомријален натпревар, рече репрезентативецот Предараг Самарџиски.
– Десет години играме кошарка без Игор и затоа секоја година организираме кошаркарски натпревари посветени на него, рече неговиот другар од Гостивар сега репрезентативец Младен Ѓуроски.
Дестиот меморијален кошаркарски натпревар според одлуката на организаторот ќе има химанитарен карактер и сите средства од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на две тешко болни лица од Гостивар.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com