Македонската машка кошаркарска репрезентација ја совлада вечерва Норвешка во Осло со убедливи 79: 41 и обезбеди пласман во главната фаза од квалификациите за место на Европското првенство (ЕП) во 2025 година.
Со петтиот триумф во шестиот натпревар во претквалификациите, македонскиот состав заврши на првото место во групата Д пред главниот конкурент Словачка, која претходно денеска во драматичен натпревар извојува гостинска победа (72-71) над Данска.
Најефикасен во македонската репрезентација беше Ти Џеј Шортс со 25 поени.
OhridNews