Македонската кошаркарска репрезентација вечер од 19 часот гостува во Данска во првиот натпревар од претквалификациите за Европското првенство во 2025 година.

А нашиот најдобар состав кој во овој момент го има на располагање селекторот Александар Јончевски ја почнува во Нествед, град кој е 60 километри оддалечен од оној главниот во Данска, Копенхаген.

Селекторот Александар Јончевски очекува неговите избраници да дадат максимум на двете средби во августовскиот прозорец.

Можеби имаме неатрактивни ривали во групата, но во никој случај не смееме да ги потцениме. Исто така, сметам дека нема репрезентација која отскокнува со својот квалитет. И дека во голема мерка ќе одлучува постоечкиот мотив присутен кај играчите и кај другиот дел од тимот. Ќе играме без странски кошаркар, но сите играчи кои се во составот се во функција да го дадат својот максимум на овие два натпревари, истакна Јончевски.

По три дена, на 28 август македонската репрезентација во Скопје ќе ја пречека Словачка која е домаќин на Норвешка во првото коло од групата „Д“. Само победникот од оваа група ќе обезбеди пласман во главните квалификации.

OhridNews