Македонската машка кошаркарска репрезентација првиот натпревар од вториот круг од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2025 ќе го одигра на 25. август во данскиот град Нествед.

Арената „Нествед“, во истоимениот град оддалечен околу 70 километри од престолнината Копенхаген, е со капацитет од околу 3.000 места.

Во истата Арена, данската репрезентација ги играше и дуелите против Норвешка и Косово во првата претквалификациска фаза за Европското првенство.

Цената на влезните билети за овој меч се движат од 780 до 1.400 денари (95 до 170 дански круни).

OhridNews