Македонската кошаркарска селекција ќе игра претквалификации за Светското првенство во кошарка, кое во 2023 година ќе се одржи во Филипини, Јапонија и Индонезија, потврди ФИБА.

Името на Македонија се најде помеѓу 12-те учесници во претквалификациите. Ждрепката за изгледот на групите ќе биде наскоро. Од четирите групи по три селекции, првите две ќе обезбедат пласман во главните квалификации.

Претквалификациите ќе бидат нова шанса за напредок на македонските кошаркари, кои не успеаја да обезбедат пласман на Евробаскетот. Македонија на последното место заврши во групата и пропушти добра прилика да се врати на големата кошаркарска сцена.

OhridNews