Македонските претставници во евро-куповите Силекс, Шкендија, Ренова и Шкупи нема да можат мечевите од квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони и Лигата на Европа да ги играат на сопствените стадиони, откако УЕФА стави вето за мечеви на Балканот поради влошување на ситуацијата со вирусот ковид -19.
Забраната важи и за клубовите од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, кои заедно со македонските екипи домашните мечеви ќе ги играат на Кипар. Како што пренесува српски „Журнал“, УЕФА остварила контакт со Федерацијата од Кипар и заеднички ќе ги организираат мечевите од квалификациите.
Оваа сезона во квалификациите за ЛШ и ЛЕ ќе се игра само еден натпревар, а домаќинот ќе биде одреден со ждрепка после извлекување на паровите. Силекс ќе биде мак-претставник во квалификациите во Лигата на Шампиони, додека Шкендија, Ренова и Шкупи ќе се натпреваруваат во ЛЕ.
OhridNews