Четирите македонски клубови Вардар, Металург, Хоризонт Турново и Тетекс кои минатата сезона настапија во европските натпреварувања ќе заработат дополнителни 31. 140 евра покрај оние суми кои им се загарантирани.

Овие финансии УЕФА ги обезбеди од казните за Манчестер Сити, ПСЖ и Зенит по кршењето на финансиското фер плеј правило, а ќе ги поделат вкупно 155 клубови ширум Европа.

– Добра вест за нас, овие пари за побогатите клубови се речиси ништо, но се многу битни и добредојдени за повеќето македонски клубови. Очигледно УЕФА не ги заборава ниту малите клубови, меѓу кои сме и ние, што, секако, е за поздравување – рече Орце Тодоров првиот човек на Турново за „Нова Македонија“.

Нови екипи на тапет на УЕФА поради кршењето на финансискиот фер плеј се премеирлигашот Ливерпул како и италијанските Рома и Интер.

Мх.П.