Македонските кикбоксери освоија вкупно 65 медали – 20 златни, 21 сребрен и 24 бронзени на Меѓународниот кик бокс турнир „Балканс бест фајтерс 6“ во Ниш, Србија.


На турнирот настапија 275 натпреварувачи со 285 влезови од 66 клубови од Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Хрватска, Србија и Бугарија.
Од триумфите, пехарот за најдобар јуниор во кик лајт замина во рацете на Мартин Илков. За најдобар помлад кадет во кик лајт беше избран Ристе Чавков, додека Драган Пандев освои пехар за најдобар кадет. Александар Арапов го освои пехарот за најдобар помлад кадет.

Од Северна Македонија настапија кикбоксери од повеќе македонски клубови.

Медалите по клубови ги освоија:

Гладијатор – Неготино – 3 (1-1-1)
Гладијатор-Скопје – 2 (2-0-0)
Будо-Квадарци – 5 (3-1-1)
Будо-Велес – 3 (0-0-3)
Гладијатор-Штип – 6 (1-2-3)
Лидер – 4 (3-0-1)
Максам тим – 5 (1-1-3)
Работнички Адора- 10 (1-4-5)
Шампион – 8 (2-5-1)
Куманово 2006 – 1 (0-0-1)
Мај тај комбат – 1 (0-0-1)
Тим Зоран – 13 (5-6-2)
Тетова – 4 (1-1-2)

 

 

OhridNews