Овој проект овозможи унапредување во областа на кампинг туризмот, затоа
што нашите кампови имаа можност да бидат посетени од германските
експерти на Ecocamping кои при посетите ги советуваа преставниците на
македонските автокампови и ги запознаваа со стандардите кои треба да
бидат исполнети согласно ADAC. Како резултат на овој проект голем дел од
нашите автокампови бесплатно се регистрираа на camping.info и влегоа во
понудата на ADAC водичите кои преставуваат основно средство за избор на
дестинациите на европските кампери, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Регионот беше партнер на организаторите на овогодинешниот саем кој има долга традиција и го посетуваат повеке од 95 илијади посетители секоја годна. На заедничкиот штанд на кој секоја од 5-те земји имаше свој пулт, македонските туристички потенцијали беа презентирани под слоганот Macedonia timeless.
Посетителите на саемот имаа можност во три презентации посветени на Македонија да ги проследат туристичките спотови за Македонија, директно да се сретнат со македонската традиција, македонските вина и слушнат повеќе за Македонија како туристичка дестинација и како земја воопшто. Особено беше покажан интерес за кулрурата, традицијата и природните убавини при што голем беше интересот и за сместувачките капацитети, односно за хотелското и приватното сместување, се вели во информацијата лиферувана од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.