Танцовото студио Beatrix Crew од Скопје на Светското првенство во модерни танци кое се одржа во Хрватска минатата недела освои 3 награди во категоорија Urban Dance Styles со што го постигна најдобиорт пласман на Македонија до сега.
Beatrix Crew во Пореч се претставија со три хип хоп точки од кои сите успеа да се пласираат во финалето на ова првенство и да добијат одличен пласман во категорија Urban Dance Styles, формација А-лига: вице-шампионско второ место со возрасната група Evoke во конкуренција од 47 групи, петто место од 40 пријавени со возрасната група Colors како и шесто место во истата категорија со јуниорската група Yung Trixtz. Групата Colors освои и специјална награда доделена од самата федерација ESDU за најдобра кореографија во категоријата Urban Dance Styles.
Судии на овој натпревар беа реномираните светски кореографи како: EZ Twins (СЛО), Матиц Задравец (SLO), Jose De La Cruz (САД), Жељко Божиќ (СЛО), Matt Padilla (PHL), AC Lalata (PHL), Dylan Mayoral; Dance Star – Global Dance Competitions има натпреваруачки карактер во кој учествуваат над 55 земји и повеќе од 50.000 танчери.
Покрај натпреварот, оваа година по повод 10 годишнината од одржувањето на Dance Star – Global Dance Competition, ESDU на изненадување на сите учесници сними видео запис во кој учествуваа најдобрите танчери на Dance Star натпреварот.
Како резултат на одличните танчерски способности и впечатокот кој го оставија кај организаторите и судиите на овој глобален натпревар, танчерите од студиото Beatrix Crew беа одбрани да учествуваат во видео проектот, со кореографија на Матиц Задравец.
OhridNews