Најдобриот гејмерски тим во Македонија, „ENTiTY“ во кој членуваат Јован Каланоски, Ѓоко Лабоски, Јован Деребаноски, Анел Чековиќ и Ќамил Семих го освои првото место на меѓународниот турнир во Тирана, Албанија.


За апсолутната доминацијана нашите гејмери, говори фактот дека до победата на турнирот стигнаа без загубен сет победувајќи ги со голема разлика своите ривали.

– Гејмерството во светот има голем замав, а тоа уште еднаш се докажа на турнирот во Албанија. Финалните натпревари од турнирот одеа во живо преку стримови гледајќи ги околу 100.000 вљубеници во електронските игри. – рече охриѓанецот Јован Каланоски, член на „ENTiTY“ од самите почетоци.

„ENTiTY“ го сочинуваат гејмери од Охрид, Струга, Тетово и Скопје. Овој клуб од 2009-та година па до денес претставува сила во електронските игри на Балканот.

Доминацијата „ENTiTY“ ја прошири и на светските мапи во електронските игри освојувајќи неколку престижни турнири.

Ohridnews