Висок пораз од 9:0 претрпе македонската репрезентација во футсал синоќа во Лисабон, на вториот контролен натпревар против актуелниот светски првак Португалија.
Дилемите околу победникот беа решени веќе по првиот дел, кој заврши со водство на домаќините од 6:0.
Стрелци на головите беа Фабио Сесиљо (1 минута, 26), Пану (4, 36, Бруно Коељо (9), Мигуел Анхело (11, 12), Зику (18) и Еду (39).
На првиот натпревар одигран во средата, македонската репрезентација загуби од истиот противник со 3:1.
OhridNews