Блескотите на фотоапаратите и бројните камери ги збунија луѓето на загребскиот аеродром . Прашуваа кој тоа доаѓа, а одговорот македонските репрезентативци го пропратија со тешко прикриено разочарување. Со чартер од Охрид пристигнаа играчите, водството на македонскиот сојуз и новинарите.



Ништо без Среќко

–   Не знам дали смеам да зборувам. Прашајте го Среќко! Без грам шега рече Гоце Седлоски. Сепак, бившиот бек на Динамо, денес играч на Матерсбург и либеро на македонската репрезентација ресираше…

–    Дојдовме да играме, не да се браниме, и да покажеме што знаеме. Во гости досега игравме добро, не примивме гол, веројатно низата ќе потрае. Убаво е повторно да се биде во Загреб, иако сум на другата страна, рече Седлоски.

–    Горан Пандев се сокри под капата и избега во автобусот, додека Јане Николоски со мобител се фотографираше себеси и другите со веселите мажоретки. Селекторот Среќко Катанец сепак се сложи да ги искаже своите видувања после доаѓањето во Загреб.

Министерот доаѓа од Љубљана

– Се знае колку е важен натпреварот и не дојдовме по бод. Реми е само услуга за третиот, Англичаните и Русите, и ние и Хрватска одиме на победа. Секогаш сум оптимист, ќе играме како на сите натпревари, ја знам силата на Хрватска, знаат за нас, и исходот ќе го видиме после натпреварот. Бев неодамна на дербито Динамо – Хајдук, но не се сеќавам кога последен пат играв на Максимир.

Претседателот на Македонскиот фудбалски сојуз (sic) Харалампие Хаџи – Ристески патуваше кон Загреб од Цирих, каде со Блатер и Платини разговараше околу проблемите во сојузот, а министерот за одбрана Лазар Еленовски пристигнува денес од Љубљана, каде е во службена посета.

(превземено од vecernji list)                                                                                               С. Костоски