Со амбиција победнички да стартува во новата сезона од УЕФА Лигата на нации, македонската машка фудбалска репрезентација попладнево отпатува за Разград каде в четврток против Бугарија го игра премиерниот натпревар во рамки на групата 4 од Ц-дивизијата.

Македонските фудбалери во згуснат ритам ќе одиграат четири натпревари во јунскиот циклус во групата во која противници им се и репрезентациите на Грузија и Гибралтар.

По дуелот против Бугарија, избраниците на селекторот Благоја Милески ги очекува уште едно гостување, на 5 јуни против Гибралтар, по што следуваат два натпревари на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, против Грузија на 9 јуни и реваншот со Гибралтар на 12 јуни.

OhridNews