Македонската фудбалска репрезентација идниот месец ќе одигра пријателски натпревар против Црна Гора на неутрален терен.
Натпреварот, како што соопшти Фудбалската федерација на Црна Гора, ќе се одигра на 25 март во Анталија.
Двете репрезентации досега имаат одиграни три натпревари, сите пријателски. Македонската репрезентација беше поуспешна 2010 и 2015 година во Скопје, додека Црна Гора триумфираше на дуелот одигран 2008 во Подгорица.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски во јуни ќе одиграат контролни натпревари на гостински терен против Хрватска и Чешка, што ќе бидат последните контролни проверки пред стартот на новото издание на Лигата на нации во септември.
Македонската репрезентација ќе се натпреварува во Ц – дивизијата, а противниците во групната фаза ќе ги дознае на жрепката која е закажана за 8 февруари во Париз.
OhridNews