Македонската фудбалска репрезентација, во некомплетен состав, вчера ги стартуваше завршните мини-подготовки за настап на претстојното Европско првенство, што од 11 јуни до 11 јули ќе се одигра во 11 држави.
На првиот официјален тренинг на терените на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје отсуствуваа Горан Пандев, Аријан Адеми и Столе Димитриевски, кои се очекува да ѝ се приклучат на репрезентацијата на почетокот на идната недела, како и Енис Барди, кој е во изолација, по позитивен тест на Ковид-19.
Македонскиот состав пред заминувањето во својата база во Букурешт за настапите на Еуро 2020, ќе одигра два пријателски натпревари во Скопје, против Словенија на 1 јуни, и Казахстан на 4 јуни.
Првиот натпревар на Еуро 2020, избраниците на селекторот Игор Ангеловски го играат на 13 јуни против Австрија во романската престолнина.
OhridNews