Во седиштето на УЕФА во Нион вечер со почеток од 18 часот ќе биде одржана жрепката за третото издание на Лигата на нации за сезоната 2022/23, а македонската репрезентација се наоѓа во третиот шешир заедно со Грција, Белорусија и Луксембург против кои нема да може да биде во иста група во дивизијата Ц.
Можни противници на македонските фудбалери се Турција, Словачка, Бугарија и Северна Ирска од првиот, Литванија, Грузија, Азербејџан и Косово од третиот и од четвртиот шешир репрезентации на Гибралтар,Фарски Острови, како и поуспешните од пресметките меѓу Казахстан и Молдавија и Кипар против Естонија,
Третото издание на Лигата на нации ќе стартува во јуни кога на програмата се закажани првите четири кола, а групната фаза ќе заврши со преостанатите две кола во септември.
OhridNews