Центар за култура „Григор Прличев“

Од 08.12.2022 - 17:00 до 08.12.2022 - 20:30

Утре на денот на Свети Климент Охридски во 17:00 часот во Центарот за Култура “Григор Прличев” – Охрид, ќе се одржи Регионална фолклорна смотра во организација на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија – СОФАМ, а под покровителство на општина Охрид.

На смотрата, што ќе се одржи под мотото под мотото: „Македонските фолклорни ансамбли во чест на Свети Климент Охридски” ,ќе се претстават 15 фолклорни ансамбли од Западна Македонија кои ќе презентираат дел од својот програмски репертоар. Сценските изведби ќе ги набљудува уматничкиот совет на СОФАМ, а присутна ќе биде и претседателката на СОФАМ и ЦИОФФ Македонија, Проф.д-р Мирјана Мирчевска, редовен професор на институтот за етнологија и антропологија во Скопје.

Пред почеток на концертот, сите фолклорни ансамбли ќе продефилираат низ Охридската чаршија, а преставници на ансамблите ќе се поклонат и положат цвеќе на споменикот на Свети Климент на градскиот плоштад.

Фолклорните смотри се редовна програмска содржина на СОФАМ и се одржуваат секоја година во западниот, источниот и скопскиот регион на Македонија на кои смотри учествуваат сите македонски фолклорни ансамбли кои се членки на овој сојуз кој е единствен во Македонија од ваков вид и е член на Светската и европска фолклорна асоцијација.

OhridNews