Фудбалската репрезентација на Македонија, во четвртокот, го напушти Букурешт и се пресели во Амстердам, каде ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство.
Првите два натпревари, Македонија ги одигра во Букурешт, на 13. и 17.јуни против Австрија односно Украина.
Македонија на овие натпревари имаше поддршка од околу 4.000 навивачи. Романските медиуми, пишуваат дека од нивната посета на метрополата, кафеаните, кафулињата и баровите заработиле околу 450.000 евра.
Според овие извори, за четири дена, македонските навивачи испиле помеѓу 70.000 и 75.000 литри пиво.
Во само пет барови, во стариот дел од градот, навивачите испиле три цистерни со пиво. Капацитетот на една цистерна е околу 25.000 литри.
OhridNews