Македонските преставници во Лигата на Европа, Металуг, Тетекс и Хоризонт Турново се наоѓаат пред крстопат. Поволен резултатот од првите натпревари извлече само Хоризонт Турново, кој ремизираше 2-2 на гостински терен со Судова.

Освојувачот на Купот на Македонија, Тетекс одигра 1-1 со Пјуник на домашен терен додека најлошо помина тимот на Металург, кој претрпе пораз 1-0 на „Филип Втори“ од Карабах.

На хитот од минатата сезона Турново потребна им е било каква победа или пак реми со не повеќе од два погодоци за да обезбедат пласман во следната рунда. Тетекс со реми без голови ќе ги заврши натпреварите, а со победа или реми со повеќе од два голови продолжува понатаму во ЛЕ.

Во најнезавидна ситуација се наоѓа третиот преставник Металург, кој само со победа може да обезбеди пласман во втората рунда од најмасовното натпреварување во Европа.

Хоризонт Турново натпреварот со Судова го игра во 17:30 часот, Тетекс половина час порано додека Металург во 18:30 часот.

Мх.П.