Македонските екипи кои сезонава ќе играат во квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони и Лигата на Европа ги добија своите ривали.

Шампионот во Прва МФЛ, Шкендија во првата квалификациска рунда ќе се сретне со естонскиот тим Номе Каљу. „Црвено црните“ првиот меч ќе го одиграат на гостински а реваншот на домашен терен во средината од јули месец.

Македонија Ѓорче Петров и Шкупи противници во Лигата на Европа добија екипи од Ерменија, додека Академија Пандев ќе се пресмета со Зрињски. „Лавовите“ ќе се судрат со Алашкерт а Шкупи силите ќе ги одмери со Пјуник. Првите натпреварите се играат на 11 јули.

OhridNews