Заврши настапот на македонските едриличари на 41-от по ред Балкански и Отворен Балкански Шампионат за Олимписки класи и Оптимист, кој оваа година се одржа во Мангалија Р. Романија во организација на Романската Едриличарска Федерација и Општина Мангалија.

На првенството во четирите последователни натпреварувачки дена, во 5-те класи силите ги измерија едриличари од 9 земји и тоа: Романија, Кипар, Бугарија, Турција, Србија,Грција, Германија, Молдавија и Македонија.

10 члената македонска експедиција учествуваше во 3 класи: Оптимист, Ласер Стандард и Ласер Радијал.

Резултати :

Класа Оптимист (машка категорија) :

Ердал Лушо 18 – то место, Димитар Поп- Стефанија 24 – то место, Добре Трпоски 36 – то место
Димитар Димитриески 38- мо место, Кирил Мирчески 40 -то место

Класа Оптимист (женска  категорија) :

Мартина Каневче 9 – то место, Елена Ставреска 13 – то место

Класа Ласер Радијал :

Александра Заричин 8-мо место

Класа Ласер Стандард:

Славчо Мошоски 18 -то место, Мартин Пејоски 19 -то место

ohridnews