Северна Македонија од утре е на листата на земји со висок ризик во Холандија .

Македонските патници кои се целосно вакцинирани од утре ќе можат и понатаму да влезат во Холандија, но ќе треба да го почитуваат и правилото за задолжителниот карантин од десет дена.

Од 6 септември, пак, за патниците од Северна Македонија нема да биде доволен доказот за вакцинација. За влез во Холандија ќе мора да приложат и негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа пред поаѓање или брз антиген тест, не постар од 24 часа.

Во оваа група на области од висок ризик спаѓаат и Косово и Црна Гора.

 

OhridNews