Во главниот град на Словенија, Љубљана и околината поставени се 20 билборди кои се дел од кампањата на Агенцијата за развој на туризмот за промоција на туристичките потенцијали на Македонија во соседните држави.


Покрај на билбордите, Македонија се рекламира и во печатениот медиум „Журнал“, во кој е поместена сторија за убавините на нашата земја, информираат од Агенцијата за туризам.


Македонските билборди поставени во Љубљана

На билбордите е испишана пораката “Македонија таму каде што сонцето вечно свети“, а претстaвени се и повеќе мотиви од културно – историското и природното богатство на Македонија. Во наредните денови се очекува билборд кампањата да продолжи и во другите земји од соседството.

Ohridnews