Покрај нашата земја во 3-та лига се натпреваруваат и Албанија, Андора, Ерменија, Азербејџан, Бугарија, Босна и Херцеговина, Кипар, Данска, Грузија, Исланд, Луксембург, Црна Гора, Малта и Асоцијацијата на мали земји од Европа (Лихтенштајн, Монако, Сан Марино).
Боите на Македонија на ова Европско Екипно Првенство ќе ги бранат следниве атлетичари-ки:
МАЖИ
– Ицко Јанкоски (100 м., 4 х 100 м.)
– Кристиан Ефремов (200 м., 400 м., 4 х 100 м., 4 х 400 м.)
– Бојан Милчевски (800 м., 4 х 400 м.)
– Никола Кутановски (1500 м., 3000 м. стиплчез)
– Ѓорѓи Трендафилов (3000 м., 5000 м.)
– Јованче Јанковски (скок во височина, 110 м. со пречки)
– Блаже Љушев (400 м. со пречки)
– Селман Реџеп (троскок, скок во далечина, 4 х 100 м.)
– Васил Најдов (ѓуле, диск)
– Дејан Ангеловски (копје, кладиво)
– Роберто Стевиќ (4 х 100 м.)
– Огнен Павловски (4 х 400 м.)
ЖЕНИ
– Ивана Рожман (100 м., 200 м., 4 х 100 м.)
– Христина Ристеска (400 м., 4 х 100 м., 4 х 400 м.)
– Фросина Ристеска (800 м., 1500 м., 4 х 400 м.)
– Ениса Тасевска (3000 м., 5000 м.)
– Александра Митреска (3000 м. стиплчез, 4 х 400 м.)
– Росана Арсовска (100 м. со пречки)
– Ирена Темова (400 м. со пречки, скок во височина)
– Александра Спасеска (скок во далечина, троскок, 4 х 100 м.)
– Јулијана Вељаноска (ѓуле, диск, кладиво)
– Радмила Соколовска (копје)
– Валбона Селими (4 х 100 м., 4 х 400 м.)