На 64 то Балканско првенство кое се одржа на 2-3 јули 2011 год, во Сливен Бугарија, учествуваа сите 10 држави членки на АБАФ.
Наградниот фонд од 40 000 илјади евра, привлече силна конкуренција, а македонските атлетичари не се најдоа меѓу 12 најдобри машки и 12 најдобри женски резултати по ИААФ таблица.
Најдобри постигнуивања во поединечна конкуренција во нашата репрезентација постигнаа Ивана Рожман на 100 метри со личен резултат 12.01, за што и беше доделен бронзен медал како трето пласирана, но подоцна поради немање на електронско мерење во втората група, се рангираа рачно мерените резултати и за жал нашата атлетичарка беше 5-та.
Ристе Ајдаров кај мажите на 100м, 200м имаше лични резултати и најдобро постугнување во конкуренција. Ирена Темова не прескокна 171 см кои беа доволни за 3 место, на крај се пласираше на 4 место.
Многу од атлетичарите постигнаа лични резултати, кои не беа доволни за освојување медал.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com