Црвено-жолтите ги предводеше охриѓанецот Селман Реџеп кој постави нов рекорд. Покрај Селман добар пласман забележаа Васил Најдов, кој го освои 8-то место во ѓуле со резултат од 13 метри и 75 сантиметри, и младиот Јованче Јанковски кој во скок височина со прескокнати 195 сантиметри се пласира на 9-то место. Славчо Мирчевски во скок до далечина скокна 621 см.
Кај жените најдобро пласирана од македоснките атлетицарки бесе Ивана Розман која во трката на 100 метри го освои 8-то место со резултат од 12.47 секунди. За одбележување е и 9-то место за Ирена Темова која во скок во височина прескокна 171 сантиметар.
Јулијана Вељаноска во фрлање диск со фрлени 29.16 м се пласираше на 12 место, додека во фрлање ѓуле го завзеде 11 место со резултат 9.28 м
Во екипна конкуренција кај мажите првото место им припадна на Србија со 232 поени, втори беа атлетичарите на Словачка со 230 и трети атлетичарите на Кипар со 208.5 поени. Македонија се најде на 13 место со 65 поени, додека послаби од нас беа само атлетичарите на Албанија.
Кај жените во екипна конкуренција првото место им припадна на атлетичарките на Словенија со 261 поен, втори беа атлетичарките на Словацка со 222,5 и трети атлетичарките на Израел со 216 поени, колку што имаа и четвртопласираните Кипар, но заради повеке освоени први места 3-то место им припадна на израелките. Македонската женска екипа се најде на последното 14 место со 59 поени.
Од следната година ова натпреварување се трансформира во Европско екипно првенство каде мажите и жените ке се бодуваат како една екипа, а не како што тоа беше до сега во Купот на Европа каде бодувањето бесе посебно.
Репрезентациите ке бидат поделени во 4 лиги (Супер лига, Прва лига, Втора лига и Трета лига) врз основа на севкупните резултати од оваа година од Купот на Европа и ке има одредени промени на правилата
во некои дисциплини се со цел за поатрактивно и повозбудливо натпреварување.
Македонија следната година ке се натпреварува во 3-та лига.