Македонскиот знаменосец Антонио Ристевски го имаше својот деби настап на Олимписките игри во Ванкувер. Ристевски трката ја заврши на 56.место во конкуренција на 103 натпреварувачи. Покрај велеслаломот, Ристевски ќе се натпреварува и во слаломот кој е закажан за 27.февруари.


На табелата на медали и натаму води САД со 25 од кои 7 златни, но се приближи Германија со ист број најсјајни одличја но 4 медали помалку. Следуваат Норвешка, Русија и домаќинот Канада.

Ohridnews