Нема присуство на бактеријата Ешерихија коли во македонскиот зеленчук.

Ова вчера на прес конференција го соопштија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски.

Во изминатите 10 дена Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе вонредни контроли на преку 40 примероци зеленчук земени по случаен избор од малопродажбата и директно од оранжериите.

„Сакаме да ги убедиме македонските потрошувачи во исправноста и квалитетот на домашните градинарски производи. Лошо е ако ја немаме довербата во нашите земјоделци. Доколку нашите производи се насекаде почитувани и се третираат како производи со врвен квалитет, добро би било што повеќе да се трошат и дома, особено во услови на ваква пазарна криза“, рече министерот Димовски.

OhridNews
извор: „Макфакс“