Во рамки на програмата за презентација на туристичките потенцијали на земјата во светот, за првпат Македонија е презентирана во магазинот на Европската Унија “The Parlament” – специјално издание „Parlament Magazine Special South East Europe Tourism Edition“, под слоганот “Македонија – таму, каде што сонцето вечно сјае”, ингормираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р.Македонија.

Магазинот се дистрибуира до сите  членови на Европската комисија, до членови на комитетите од регионите, до земјите членки на Европската Унија, до министрите за туризам и Европските туристички прес организации.

Во рамки на туристичката презентација на земјата, директорот на АППТРМ м-р. Зоран Стрезовски ќе учествува на конференцијата: “Туризмот во Југоисточна Европа“, што магазинот „The Parlament“ ја организира на 7-ми и 8-ми декември во Брисел. На конференцијата ќе бидат презентирани туристичките потенцијали на земјава, а  воедно на посебен штанд ќе бидат изложени македонските туристички потенцијали и програми.     
    
На 9-ти декември во Прага, Р.Чешка, Стрезоски ќе ги презентира туристичките потенцијали на Македонија на Бизнис форумот за странски инвестиции, вино и туризам, што го организира македонската амбасада во Прага. Тој ќе земе учество и на Генерално собрание на Асоцијацијата на Чешки туроператори, пред кои ќе ги промовира туристичките потенцијали на земјата.

Ohridnews