Македонскиот туризам се промовира во Берлин на најголемиот Саем за туризам. На брендираниот штанд „Macedonia timeless“ беше презентирана туристичката понуда на Македонија. Покрај промотивни материјали од Македонија за првпат туристичките агенции кои се присутни на овој саем излегоа со конкретни понуди за 5 и 7-дневен престој во Македонија, информираат од Агенцијата за промоција на туризмот.


За денеска на македонскиот штанд е закажана прес конференција со презентација на која ќе се обратат амбасадорот на Македонија во Германија и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, а ќе биде промовирана и книгата „Македонија“ од германскиот патописец Шмекхаер. Презентацијата ќе биде надополнета со дегустација на македонска храна и вино и македонска музика.


Агенцијата за промоција на туризмот ги демантира информациите изнесени во одреени медиуми  дека Македонија скромно се презентирала на Саемот. Оттаму тврдат дека според оценките на нашите туристички агенции кои присуствуваат на Саемот но и  од менаџерите на ТАВ,  ова е една од најдобрите презентации на Македонија на Саемот во Берлин.

OhridNews