– Штандот беше посетен од министерот за туризам на Р. Турција кој го изрази своето задоволство што Македонија учествува на Саемот за туризам. Македонските туристички потенцијали беа презентирани и на посебна прес-конференција за новинари и туроператори каде беа презентирани и субвенциите што владата на Р.М. ги обезбедува за странските туристи, информираше директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Зоран Стрезоски, кој во Истанбул се сретна со претседателот на ТУРСАБ – Асоцијација на туристички агенции на Турција, Башаран Улусој.
При тоа било договорено претседателот на ТУРСАБ заедно со претставници на турски туроператори на 30 мај да ја посетат Македонија и непосредно да се запознаат со туристичките потенцијали на земјава, а се разговарало и за соработка во едукацијата на кадри од областа на хотелскиот менаџмент.
На саемот во Истанбул присуствуваа претставници на повеќе туроператори и хотелиери од Македонија кои оствариле средби со туроператори од Турција.