Македонските туристички потенцијали
за прв пат беа презентирани на саемот за туризам кој се одржа на 9 и10
февруари 2010 во Тел Авив, Израел.


За време на саемот се одржа прес конференција со презентација на
туристичките потенцијали во Македонија, а воедно беше промовирано и
македонското вино пред присутните тур-оператори и новинари. Учеството
на Македонија на Саемот за туризам, како што информираат од Агенцијата
за промоција на туризмот,  било позитивно оценето од Иираелските
тур-оператори во период кога се поголем број на израелски туристи
доаѓаат во Македонија.


Во целокупната организација непосредно била вклучена и макадонската
амбасада во Тел Авив и економскиот промотор на Агенцијата за странски
инвестиции.

Ohridnews