Најдобриот ракометар во македонската историја Кирил Лазаров ги финализира подготовките за премиерниот ракометен камп кој ќе се одржи од 22 до 28 јуни во Охрид.

Капитенот на Македонија, Лазаров беше во посета на хотелот „Аквалина“ во кој ќе бидат сместени сите учесници на ракометниот камп.

– Се работи за многу сериозен проект. Иако јас со мојот тим имаме огромно играчко искуство, сепак прв пат се среќаваме со организирање на ракометен камп. Затоа во Охрид дојдовме неколку дена порано да провериме и да ги дочекаме подготовено дечињата кои покажаа големи интерес за нашиот премиерен ракометен камп. – рече Лазаров.

Бројот на учесници на ракометниот камп во Охрид е пополнат и надминат, а членот на Европскиот првак, Барселона со нетрпение го очекува почетокот.

Фото : Емилио

Мх.П.