Македонскиот претставник Васил Гарванлиев со песната “Here I stand”, синоќа, настапи на првото полуфинале на 65 издание на  Евровизија што се одржува во Холандија , но не успеа да избори пласман во големото финале.

Пласман во финалето од првата полуфиналчна вечер обезбедија: Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија и Украина.

Гарванлиев беше сам на сцената, а неговиот настап беше проследен со соло кореографија.

Претходно, премиерот Зоран Заев преку социјалната мрежа Фејсбук ги повика сите кои живеат во странство и кои според евровизиските правила имате можност да гласате за македонскиот претставник.

Инаку Евровизија се врати по пауза од една година поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, а настанот се одржува со присуство на публика.

Финалето на Евровизија ќе се одржи во сабота на 22 мај.

OhridNews