Македонскиот писател Петко Шипинкаровски е  овогодишен добитник на  наградата „Аполон“, која ја доделува градот Сремска Митровица. Шипинкароски, истовремени, е прогласен и за почесен граѓанин на античкиот град Сирмиум на чии дворишта, на Царските порти, е распослана денешна Сремска Митровица.

Покрај Шипинкаровски, наградени се уште и Елка Њаголова, писател од Бугарија, Бабкен Симоњан, почесен конзул на Република Србија во Ерменија и Срѓан Малешевиќ од Србија.

Изборот за награта го направи комисија, предводена од  писателот Недељко Терзиќ, додека ја ги врачи градоначалникот на Сремска Митровица, Томислав Јанковиќ.

Во градската библиотека на Шид, на Шипинкаровски и на другите добитници на наградата, им беше приреден портрет, додека тие читаа творби од своето книжевно творештво.

Избор од творештвото на Шипинкаровски, песни, објавени се во списанието „Српска вила“ од Биелина и „Свитак“ од Пожега.

OhridNews