Македонскиот ПЕН од своето постоење до денес остави неизбришливи траги во македонската култура и општество застанувајќи секогаш на браникот на слободата на творештото и мислата, истакна денеска во Охрид претседателот на Македонскиот ПЕН, Ристо Лазаров, на отворањето на Десеттата Охридска ПЕН конференција. Тој подвлече дека Меѓународниот ПЕН, е прва меѓународна организација која по осамостиојувањето на Македонија го призна Македонскиот ПЕН под уставното име, а македонскиот јазик како дел од јазиците на Меѓународниот ПЕН.
Десетта ПЕН конференција – Охрид
Работниот дел на конференцијата на која учествуваат 60 автори и претставници на ПЕН центри од 20 земји започна со тркалезна маса на тема „поезијата и возвишеното“, а ќе продолжи вечерва со литературно читање во црквата Св. Софија каде ќе бидат доделени признанија на досегашните претседатели на Македонскиот ПЕН. Со тоа ќе биде одбележан големиот јубилеј-45 години од постоењето на Македонскиот ПЕН.
Утре ќе се одржи сосатнок на Комитетот за превод и јазични права на кој ќе биде усвоена предлог декларација за заштита на јазичнити и културни права на Ароманците-Власите, која на иницијатива на Македонскиот ПЕН догодина треба да биде усвоена на конференцијата на Меѓународниот пен што ќе се одржи во Колумбија.
Ваква слична резолуција за заштита на јазичните права и слободи посебно за недржавните јазици беше донесена лани со посеен акцент на состојбите во земјите од Балканот, Африка и Азија. Резолуциите според претседателотлот на Комитетот за превод и јазични права на Меѓународниот Пен, Катица Ќулафкова , немаат обврзувачки карактер, но таа изрази надеж дека ќе имаат одрден ефект. Ќулафкова смета дека кога се работи за правата на макседонското малцинство во Грција треба да се применуваат меѓународните конвенции, а македоснката држава треба да бара нивна директна примена.
Годинава Македонскиот ПЕН слави два јубилеи, 10 години од Охридската ПЕН конференција и 45 години од постоењето.
Г. Момироски