Македонскиот репрезентативец Ванчо Каранфилов на параолимписките игри во Лондон, во четвртокот, настапи во квалификациите, во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.

Каранфилов не успеа да избори место меѓу најдобрите осум кои според резултатите влегоа во финалето и ќе се борат за медалите.

Каранфилов, во конкуренција на 31 натпреварувач, со погодени 553 кругови, го освои 22-то место. Најдобар резултат во квалификациите постигна Војчех Косовски од Полска (568 кругови).

Во оваа иста дисциплина, Каранфилов пред осум години во Атина го оствари својот најголем успех кога го освои сребрениот медал.

“макфакс“
Ohridnews