Траги комична беше ситуацијата по повредатата на Тантуроска на стартот на вториот период. Незгодно доскокна македонската репрезентативка по што страдаше нејзниот скочен зглоб. Но и покрај (не)сериозноста на повредата зачудува односот на лекарскиот тим на теренот. Тимот на доктори во салата беше дојден со “рацете в џеб“ притоа немајќи мраз, спреј па ниту завој.


По неколку минутна агонија , Весна Балазоска (кошаркарка на Билјана 006) ја спасуваше ситауацијата откако од спортското кафе кое се наоѓа во склоп на салата донесе ќесе мраз. Тек потоа беше донесен и завој за да биде бандажирана ногата на Тантуровска. При рака на лекарскиот тим им дојде  физиотерапевтот на Билјана, Јонче Петан кој се нафати да и помогне на Тантуроска, која веројатно ќе им се приклучи на девојките за мечот со Романија.

М.П.