Обединетата македонска дијаспора ја поздави одлуката со која Општината Пландиште во Србија, во која живее голема македонска заедница, го прогласи македонскиот за службен јазик на општината. Оваа иницијатива е охрабрувачки пример за другите општини со големо македонско население во Србија, како и во Албанија, Грција и Бугарија, велат од ОМД.

Од организацијата на Македонците со седиште во Вашингтон очекуваат дека и другите општини во Србија со големи македонски заедници, како Јабука и Панчево, ќе го следат примерот на општина Пландиште. Оценуваат дека ќе биде потребна многу добра волја за да се решат и преостанатите билатерални проблеми меѓу Србија и Македонија, како што е континуираното непризнавање на Македонската православна црква од страна на Српската православна црква.

Регионалениот претставник на ОМД за Грција Евгенија Нацилиду, исто така, ја поздрави одлуката со која се унапредуваат правата на Македонците во Србија.

Според српскиот закон, малцински јазик може да стане официјален ако малцинската група претставува 15 отсто од населението. Во општината Пландиште Македонците сочинуваат 11 отсто од населението, но тоа беше сметано за доволен број за да се прогласи македонскиот јазик за официјален. Унгарскиот, словачкиот, романскиот, хрватскиот, рутеријанскиот, чешкиот, бугарскиот и црногорскиот јазик беа претходно прогласени за официјалени јазици во различни српски општини.

OhridNews
МИА