Македонскиот интернационалец Зоран Тодоров со тимот на Смедерово во првото коло од продолжението на српското првенство ќе гостува на Маракана на промоцијата на Роберт Просинечки како нов стратег на Црвена Звезда.


Тодоров кариерата ја започнал во Осогово, а под довдство на Влатко Костов бил прекомандуван во првиот тим. Покрај Костов, соработувал со Илија Димоски, Благоја Китановски, по што заминал во Србија каде настапувава пред повеќе екипи, а од пред две години игра за тимот на во Смедерево.

Српската лига е доста поквалитетна од македонската, на почетокот ми беше тешко  да се прилагодам, но сега не се чувствуам како странец. Секој странец кој оди да игра надвор има и поголем притисок и мора да се привикнува и да живее со тоа – вели Тодоров кој со тимот на Смедерево се подготвуваше во Охрид.


На пријателскиот натпревар со Јавор, македонецот во вториот дел ја доби капитенската лента, што како што напомена тој било голема сатисфакција за него.

Голема благодарност до шефот на стручниот штаб, што ми ја даде шанста да бидам капитен, тоа покажува дека сите во клубот имаа доверба во мене, за мене голема чест, но и голема обврска – рече Тодоров.


Тодоров (28) се уште на ја загубил надежта дека еден ден ќе го облече дресот со националниот грб.

–    Нормално дека посакувам еден ден да играм за Македонија и желба на секој играч е да игра за својата репрезентација . Јас го почитувам изборот на селекторот Мирсад Јонуз, мислам дека заслужувам и имам квалитет  потребен за настап во репрезентација , но треба да се сложат коцките во мозаикот -потенцираше Тодоров.

Играчот за врска има договор до крајот на сезоната со српскиот Смедерево, а потоа ќе ги разгледува понудите кои ќе пристигнат на негова адреса.

М.Постоловски