Македонскиот игран филм „Сeстри” во режија на Дина Дума со две проекции во Струга.

Филмот ќе биде прикажан во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, на 19-ти и 20-ти април (вторник и среда), со почеток во 19.00 часот, а влезот е 100 денари, информираат од Центарот.

Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска.

Светската премиера на „Сeстри” беше минатата година во август на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде што ја освои специјалната награда на жирито во програмата „Источно од Западот“, додека македонската премиера се случи на 42 ИФФК „Браќа Манаки“ каде филмот на Дума го отвори фестивалот. Филмот беше и национален претставник за најдобар странски филм.

Досега „Сестри” е прикажан на 20 интернационални фестивали, а ја освои и награда за најдобар игран филм од младинското жири на фестивалот Ексграунд во Висбаден Германија.

Исто така овој филм беше Македонски кандидат за оскар на 94. доделување на оскарите, и првиот македонски филм на „Нетфликс“.

OhridNews