Црвениот крст на Република Македонија и Црвениот крст на Бугарија денеска во Струга одржаа заедничка седница на која беа разгледани можностите за заедничко користење на европските фондови за пограничните градови. Деталите за соработката ги соопштија претседателите на двете организации Ромел Велев и Христо Глигоров.
Засега останува да ги користиме фондовите планирани за граничните региони, Крива Паланка, Берово, Делчево, Струмица, со задграничните Ќустендил и Благоевград, истакна претседателот на македонскиот Црвен крст Велев.
-Разговаравме за реализираните активности оваа година, но и за она што следува во 2019 и 2020 година, како и за приклучување со заеднички проекти за искористување финансиски средства што може Бугарскиот Црвен крст да ги овозможи преку нивното членство во Европската унија, изјави Велев.
Претседателот на Црвениот крст на Република Бугарија, Глигоров нагласи дека соработката со Црвениот крст на Македонија може да бидат пример не само за Балканот и Европа, туку и за целиот свет.
– Сега почнуваме да работиме во рамки на можностите за прекугранична соработка каде што има многу фондови. Следната година може да имаме одлични резултати. Верувајте во иднината, верувајте дека Балканот ќе стане привлечен регион за живо,т бидејќи црвениот крст на Македонија и Бугарија се многу јаки, рече Глигоров.
До сега македонскиот и бугарскиотн Црвен крст имаат остварено соработка во областите на прва помош, помош при катастрофи, меѓународна соработка…
OhridNews