Центар за култура „Григор Прличев“
Од 02.03.2022 - 19:00 до 03.03.2022 - 19:00
Новиот Mакедонски филм на младиот Мартин Цветковски премиерно ќе биде прикажан во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид. Кино проекциите се закажани за во среда (02.03.2022) и четврток (03.03.2022) со почеток 19.00 часот во голема сала.
Идејата за филмот дојде на многу интересен и необичен начин. За првпат, одлучив малку да излезам надвор од уметничките рамки на фолклорот и да се одлучам на поголем предизвик – да се пренасочам кон актерството, нормално како аматер’ – истакнува Цветковски.
Имал понуда од Балканска филмска продукциска куќа, но се одлучил да го задржи во Македонија.
Пред да започнеме со реализација на филмот според сценариото што го напишав, краток опис, испративме до една добро позната продукција во регионот на Балканот, која веќе има продуцирано неколку добро познати филмови на филмската сцена…. Одговорот од нив беше позитивен и беа заинтересирани за разговор и за можна продажба на сценариото… Но, сепак се одлучивме да си го задржиме тука, како наше… вели Цветковски.
Инаку, Цветковски веќе 23 години се наоѓа на културната сцена. Од 5-годишна возраст, е на сцена со голема љубов, со фолклор, музика, ора, песни и глума. Денес е управител на „Ансамбл – Никола Јoнков Вапцаров“. Освен фолклор, Цветковски е млад режисер кој за првпат својата идеја ја реализираше во филмот ,,Најголемата вистина’’, во кој и тој самиот е актер.
Картите по цена од 150 денари може да се набават на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид или да се резервираат на телефон 046/261-063.