Центар за култура „Григор Прличев“

Од 18.11.2023 - 20:00 до 18.11.2023 - 21:35

На кино репертоарот во НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид ќе се прикажува волшебната приказна на новиот македонскиот филм „Лена и Владимир” во сабота 18.11.2023 година, со почеток во 20.00 часот.

Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.

Во филмот играат Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски, а истиот е во режија на Игор Алексов.

Цена на карта е 150 денари.

OhridNews