На втората вечер на летното кино со автомобили Summer Drive-in Cinema во склоп на настаните од шестото фестивалско издание на алтернативното културно-забавно лето „Културолошка Иницијатива 5 до 12“ вечерва ќе биде прикажан македонскиот филм „Ефектот на среќа“.
Станува збор за филм од 2019 година, во режија на Борјан Зафировски, додека главните улоги ги играат Јовица Михајловски, Јана Стојановска, Петре Арсовски, Ана Стојановска.
Во филмот се раскажува приказна за потрагата по среќа која им е заедничка на сите луѓе. Леа е млада девојка која го почнува нејзиниот последен предизвик, теза која бара доказ во верувањето дека среќата може да се пренесува, исто како и чувството на тага, осаменост и мизерија.
Проекцијата на филмот закажана во 21 часот ќе биде во Касарна Охрид, а влезот ќе биде отворен од 20:00 часот. По почетокот на проекцијата нема да биде дозволено влегување.
Билетите се по цена од 500 денари по автомобил и можете да ги набавите во Кафе бар Шила или на влез.
OhridNews