Еден од двата адути на македонската пливачка федерација за победа на Охридскиот пливачки маратон, Евгениј Поп Ацев на градскиот базен за загрева за 29-то издание на најпрестижната манифестација во Македонија.


Дел од тренингот на градскиот базен Поп Ацев одработи со аргентинскиот пливач Дамјан Блаум кој исто така има големи амбиции во Охрид.


Поп Ацев минатата година стигна до втората позиција, а оваа година посакува да отиде едно скалило погоре на пиедесталот.


Маратонот започнува во сабота (29 август) во 12 часот, а стартот на трката е во Свети Наум.

Мх.П.