Војници на АРМ кои се наоѓаат во мисија во Ирак, вчера рано утрото биле нападнати со импровизирана експлозивна направа во близина на градот Таџи. Во нападот, како што соопшти Министерството за одбрана, нема загинати и повредени.

Македонскиот воен контингент учествува во мировната операција „Собода за Ирак“. Инцидентот се случил кога колоната од контингентот на АРМ која се движела со оклопни возила налетала на експлозивна направа која била поставена покрај патот. Од експлозијата едно возило било оштетено, а колоната безбедно се вратила во својата база.

Нападот во Таџи е најсериозен напад врз македонските мировници во досегашната мисија во Ирак.

Ohridnews