Васко Дуковски нашиот веќе добро познат кларинетист којшто живее и твори во Њујорк, минатиот викенд настапи со ансамблот за современа музика Арџенто изведувајки седум премиери на дела компонирани од композитори од Универзитетот Колумбија (Columbia University).

Оваа недела тој ќе настапи на уште неколку важни настани во Њујорк меѓу ко и во Обединетите Нации по повод дебатата за меѓуетнички и меѓучовечки односи на Алијансата за цивилизации на ОН, организирана од претседателот на ОН, на кој ќе изведе дела од познатиот српски композитор Александар Симиќ.

Во петок Дуковски  заедно со прекрасен тим на изведувачи ќе го придружуваат македонскиот композитор, продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев во клубот “Дром ” во Њујорк на презентазија на материјалот од неговиот нов албум “Сон.Верба.Љубов ” кој се очекува наскоро да излезе во продажба.

И покрај многубројните ангажмани Дуковски паралелно работи на својот нов албум заедно со ансамблот за современа музика Талеа којшто содржи дела од познатиот италијански композитор Фаусто Ромители (Fausto Romitelli). Албумот ќе биде снимен наредниот викенд во мултимедијалниот културен центар “EMPAC” кој го поттикнува развојот на авангардни уметници и композитори од 21. Притоа ќе биде издаден во соработка со продуцентската куќа “Tzadik” од Њујорк. Снимањето на албумот ќе кулминира со концерт на Дуковски и ансамблот Талеа на кој истиот ќе биде промовиран.

OhridNews