Повеќе од 400 туристи од Македонија, кои првомајските празници ги минале во Истанбул, се задржани во два хотели и не им се дозволува враќање во земјата, бидејќи агенцијата која го организирало патувањето не го платила сместувањето.
Дел од македонските медиуми повикувајќи се на информации од патниците, објавија дека сопственикот на агенцијата бил приведен од турската полиција.
Со случајот е запознаен македонскиот конзулат во Истанбул.
OhridNews